„Ме научи на многу лоши работи“ љубовницата на Пабло Ескобар ги чуваше неговите најголеми тајни

Во периодот кога се запознале, околу 1982 година, Пабло Ескобар бил млад конгресмен со гoлеми политички амбиции и седмиот најбогат човек на светот, иако неговото потекло на имот беше голема мистериија. Вирхинија Валехо била преубава телевизиска новинарка која беше позната низ цела jужна Америка.

Многу брзо откако се запознале, меѓу нив се родила љубов, но како што Пабло постојано бил на мета на полицијата и непријателите, нивната врска морала да биде многу дискретна. Сепак, љубовта не можеле да ја сокријат, а таа афера ѝ ја уништи кариерата на Вирхинија.

“Со Пабло го изгубив разумот, тој за мене ќе ја изгубеше главата, а сè што остана е човекот кој го гонеше правосудството и жената која ја прогонуваат медиумите. Човек и жена кои се познаваат еден со друг и кои се грижат еден за друг, и покрај болката која ја предизвикуваше неговото отсуство, злосторствата и грешките”, напишала Вирхинија во книгата “Loving Pablo, Hating Escobar”, во која детално ја опиша нивната врска.

Го следела неговиот пат од амбициозен политичар кој сиромашните го обожуваа до очајниот параноичен бегалец кој стана најбараниот човек на светот.

Во моментот кога се запознале, Вирхинија била технички во брак, бидејќи нејзиниот сопруг, не сакал да ѝ даде развод. Меѓутоа, Пабло го решил тој проблем за два дена и набрзо беше разведена. Како што била познато ТВ лице, таа се навикнала на познанствата со елитата и удварањето на привлечни мажи, но Ескобар сосема ја воодушевил.

Како што наведува самата со Ескобар се сретнале оклу 220 пати, од кои 80 пати Ескобар бил опкружен со војска пријатели, следбеници, вработени и телохранители.

Ескобар во тоа време бил во брак со Викторија со која имаш две деца. Сепак, неговиот однос со Вирхинија беше поразличен, таа бил премногу запознаена со неговата работа, но таа доверба имала цена. Таа знаела работи поради која била во опасност од непријателите на Пабло.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното