“Ми фалат заедничките прошетки” – Лила се отвори за загубата на татка си

Беше горд што сум факултетски образована и што си го остварив сонот. Беше моја ѕвезда водилка, човек за пример, столбот во семејството, вели популарната водителка Лила Стојановска која за „Женски магазин“ одлучи првпат јавно да проговори за смртта на нејзиниот татко Милан кој почина пред три и пол години од канцер.

Тој бил дисциплиниран пациент и редовно посетувал лекар, ни сепак болеста била откриена во веќе одмината фаза.

– Сѐ се случуваше неочекувано брзо. Кога го изгубивме ми требаше време да се соземам. И денес ми е тешко да зборувам. Времето поминува, но болката не се намалува. Сѐ е исто само се навикнуваш. Татко ми секогаш ни нагласуваше дека здравјето е најважно. Баш го сакаше животот – раскажува Стојановка.

Целиот разговор прочитајте го на Женски магазин