„Министерот за правда има слаби перформанси“.
Вака пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва во емисијата Топ тема на телевизија Телма рече за министерот за правда и дел од владината коалиција ЗНАМ, Игор Филков.
„Ова е мој личен став… Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските кои што ги има преземено за реформите во правосудството“, вели Милошоски.
Тој додава дека има навистина слаб придонес од страна на Филков.