МПЦ во секој момент очекува да започнат официјалните разговори со Вселенската патријаршија за признавањето нашата црква. Митрополитот Петар вели дека засега се уште нема нема официјални разговори со Цариград, но во
неофицијалните контакти и средби имало желба кај Фанар конечно да се затвори ова прашање, за што и лично се заложувал Вселенскиот патријарх Вартоломеј.
„Има расположение кај Цариградската патријаршија, прашањето за нашата автокефалност на МПЦ да го земе во предвид на една од нејзините наредни седници и да започнат и тие официјални разговори“, истакна Владиката
Петар, Митрополит Преспанско-Пелагониски.
Но сепак Владиката Петар не сакаше многу да отрива детали под кое име би било признавање на МПЦ, дали под сегашното или под Охридска Архиепископија.
Бидејќи малку е веројатно Патријархот Вартоломеј, кој по потекло е Грк, да признае чисто Македонска православна црква.
„Македонска православна црква, Охридска Архиепископија, Јустинијана Прима. Тоа е нашето име, ние така се именуваме и така настапуваме во нашите настапи. А како другиите ќе не ословуваат и како не нарекуваат, тоа не може ние да го диктираме тоа е секако слободна волја како некопј некого ќе нарекува, освен ако немате потпишано некои договори, па да мора да се придржувате до нив“, додаде Владиката Петар.
Според Митрополитот Петар односите со СПЦ се комплетно заладени и тој повеќе не очекува никаков договор и поддршка од Белград.
Сега сите очи се вперени кон Цариград.