Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, го предводи протестниот марш вечерва на најголемата опозициска партија кој почна од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и учесниците ќе одат пред Владата.
Таму се очекува на присутните да им се обрати токму претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Овој протестен марш, според опозицијата, е против владеењето на СДСМ, против загадувањето, против даноците и сите одлуки донесени од власта.