Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека македонското прашање никогаш нема да биде затворено.
Како што вели, тој ќе се бори се додека е премиер бидејќи граѓаните тоа го заслужуваат.
„Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат“, порача Мицкоски.
Тој вели дека во минатото имало Влада на која македонското прашање не им било ни на првите десет приоритети.
„Ве молам, навикнете се на Влада на која на прв приоритет на македонскиот претседател на Влада му е македонското прашање“, додаде Мицкоски.