Мицкоски размислува за промена на грбот, но не и на химната – „Не ми паѓа на памет да влегувам во таква дискусија“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека размислува за промена на државниот грб.

На прашањето дали има иницијатива за таква промена премиерот Мицкоски рече:

„Ако има ќе знае јавноста, ќе влезе во парламентот. Но, дали размислувам? Да. Ценам дека хералдичкиот симбол земскиот лав е симбол на сите оние генерации кои што живееле во овие простори, и тоа не е некоја тајна“, порача Мицкоски за Алсат.

Мицкоски децидно истакна дека апсолутно не размислува за промена на македонската химна, ниту пак му доаѓа на памет да влегува во таква дискусија.

„Химната е темелна вредност на една држава, односно еден од трите суштински атрибути кои што ја дефинираат државноста. А химната претставува историска генеза, химната практично ја прераскажува историјата на создавањето на една држава и нација. И јас тука не гледам никаква причина зошто таа би се менувала или во кој дел таа би се менувала. Апсолутно, таман работа, ниту станува збор таа тема на дискусија, ниту на памет ми паѓа да влегувам во било каква расправа во која ќе се менува текст на химна, која што отсликува историска генеза на создавањето на оваа држава. Кој сум јас или кои сме ние тоа да го правиме.“, дециден е Мицкоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното