Сергеј Варошлија, некогаш врвен фризер и стилист, денес е водител на новоотворената интернет телевизија „1ТВ“. Неговиот фах се модата, модниот изглед, облекувањето, стајлингот, шминката, фризурата, гардеробата, обувките… па таква му е и емисијата! Во неа, македонскиот „моден гуру“ не ретко знае да ги „исплеска“ во контекст на споменатото и познатите и непознатите личности… И тоталните анонимуси, но и оние, јавните лица, градските фаци, познатите, повеќе или помалку популарните, се неретко под „ножот на критиката“ на модниот ТВ селектор Варошлија.
Емисијата за мода на 1ТВ со Сергеј Варошлија предизвика многу реакции во јавноста кои не стивнуваат и денес . Пред неколку дена на големо се пишуваше за упадот во телевизијата.Тие дадоа видео изјава во врска со инцидентот.
Во видеото напишале: “Почитувани, Ве известуваме дека емисијата Мода на Сергеј Варошлија денеска нема да ја емитуваме во знак на револт за вчерашниот обид за насилство кој се случи во нашата телевизија”.
Имено, доцна вечерта четири лица упаднале во телевизијата и се обиделе да извлечат информации од вработените за тоа на кои локации се движи модниот критичар Сергеј Варошлија. За среќа, Варошлија во моментот не бил во просториите на телевизијата и немало повредени при инцидентот.
Се јавија исто и многу реакции од родители и познати личности кои се најдоа коментирани во емисијата Мода .Варошлија има критичко гледање на модата и стилот на девојките кои ги споделуваат своите фотографии на социјалната мрежа Инстаграм и не се цензурира во искажување на својот став .
Овој пат тој е нападнат од родител кој тврди дека неговата ќерка има 13 години на фотографиите и не е вкусно да се коментира нејзиниот изглед. Дали некој ќе преземе правни дејствија против модниот критичар и новинар останува да видиме но сепак е малку чуствително прашање кога ќе се најдете на мета и некој и ќе ве исмејува на ТВ емисија.