Роднините и пријателите на 22-годишната Фросина Кулакова се во длабока жалост и неутешни од нејзината прерана смрт, а со нив ја носи тагата и цела Македонија.
Нејзиното момче, Петар Ристов на социјалните мрежи објави емотивна порака, преку која ја изрази својата болка и револт.
Тој вели дека ќе продолжи да се бори за правда.
„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај сè додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и нè зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој“, пишува Ристов.