„Може да го стават Брус Ли на еврото“ – Вучиќ со прашање до Загреб: Каква врска има Тесла со Хрватска?

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во гостување на Пинк ТВ ја искоментира желбата на Хрватска да го стави ликот на Никола Тесла на еврата.

„Да сакам да се пошегувам, можев да им кажам да го стават Брус Ли на еврото. Што е Никола Тесла за Хрватска? Да им бил важен толку би го ставиле на поголема банкнота. Сите кои биле Тесла биле убиени на територијата на Хрватска, бидејќи биле Срби. Тој за себе говорел дека е Србин и Американец, тој се гордеел со тоа. По потекло од Србија со американско државјанство“, вели Вучиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното