Може ли да се избрише снимка и некој да не биде казнет со Сејф Сити? Одговара Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во „Само интервју“ на Канал 5 одговори дали може да се избрише снимка од камерите на „Безбеден град“ и со тоа некој да не биде казнет.

„Секој еден систем кој што е поставен, доколку човек реши да го злоупотреби, претпоставувам дека може да биде злоупотребен но треба да одговара за тоа“, вели Тошковски.

На реплика од модераторот за тоа дали ќе функционира „министре, може да се скине казна“, министерот беше дециден дека системот функционира автоматски и не остава простор за манипулации.

„Нема да може, заради тоа што системот автоматски ги детектира прекршоците што се сторени дури и да во конкретниот случај треба да се избрише одреден прекршок затоа што содејствието е сторено кривично дело, но запис во рамки на системот ќе стои“, додаде Тошковски.