МВР ги преброи граѓаните на протестот во Славија: Тврдат дека имало меѓу 28.000 и 29.000

Министерството за внатрешни работи соопштува дека денешниот народен собир во Белград започнал околу 15 часот и 15 минути и во времето кога посетеноста била најголема, во 16 часот и 40 минути, присуствувале од 28.000 до 29.000 граѓани.

Митингот заврши без поголеми инциденти и нарушување на јавниот ред и мир.

Да потсетиме, денеска на плоштадот Славија во Белград се одржа голем протест по повод трагедијата во Нови Сад во која загинаа 15 лица. Студенти, земјоделци и бројни граѓани излегоа на улиците, а колку имало најдобро покажуваат снимките од воздух.

Иако се уште не е познат точниот број на луѓе кои вечерва биле на плоштадот, снимките од воздух јасно покажуваат дека целиот плоштад, но и околните улици биле преполни.

Граѓаните во еден момент ги вклучија светилките на мобилните телефони кога беа креирани фотографиите пред вас. Славија во тој момент блескаше во темница – за време на акцијата „15 минути молк“ за сите жртви во трагедијата во Нови Сад.