Над 15 милиони луѓе во Авганистан страдаат од акутен недостиг на храна

Повеќе од 15 милиони луѓе во Авганистан страдаат од акутен недостиг на храна . А Светската програма за храна на ОН може да им помогне само на 3 милиони од нив. Причината – огромен недостаток на финансии.

Најмногу страдаат во земјава се вдовиците, самохраните мајки и инвалидите. ОН почнаа да ги намалуваат оброците за загрозените уште во март, а во април и мај, помошта за вкупно 8 милиони луѓе престана.

„Кога добивме помош, живеевме подобро. Сега не добиваме ништо. Јадевме три пати на ден. Сега – само еднаш дневно“, објаснува Абдул Хаг.

„Жените што доаѓаат овде велат дека нивните сопрузи немаат работа. Тие се сиромашни и ранливи. Дури велат дека треба да ги пратат децата на улица да питачат“, коментира на темата д-р Балгиша Станикзаи.

Милиони семејства во Авганистан не се подготвени за уште една студена зима. Тие немаат храна и доколку хуманитарната помош дополнително се ограничи, може да бидат принудени да ги напуштат своите домови.

„Ова оди подалеку од политиката. Треба да се фокусираме на луѓето“, вели државниот секретар на СПП во Авганистан Хсијавеи Ли.

Светската програма за храна има потреба од една милијарда долари за да може да нахрани 21 милион луѓе ширум светот во следните 6 месеци.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното