Најмалку 15.000 луѓе починале поради невообичаено топлото време во Европа, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.
Бидејќи се води статистика за температурата, регионот го доживеа најтоплото лето и најтоплиот месец август, коментира директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.
„Топлинските бранови, сушата и шумските пожари ова лето се зголемија во многу европски региони и негативно се одразија на здравјето на населението“, додава Клуге.
Главната причина за смртните случаи е т.н „топлински стрес“ – состојба на телото во која не може да се олади.
Во Германија се регистрирани околу 4.500 случаи, во Шпанија речиси 4.000, во Португалија над 1.000 и во Велика Британија над 3.200. Во изминатите 50 години високите температури предизвикаа смрт на повеќе од 148.000 луѓе.