Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -5 степени.

Следуваат и -4 во Крушево, -3 во Битола, Маврови Анови, -2 во Прилеп, -1 во Берово, Кавадарци, 0 во Крива Паланка, 1 во Тетово, Охрид, Претор, Виница, 2 во Струмица, Куманово, 3 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Штип, 4 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Гевгелија.

Најмногу дожд имало во Куманово, Берово и Струмица каде наврнало 1 l/m2

Најмногу снег на Попова Шапка каде има 33 см. 12 см има на Маврови Анови и 1 см во Крива Паланка и Берово.

Променливо облачно со кратки сончеви периоди. Во планинските региони ќе има услови за повремен локален слаб снег, а на места во западните и северните делови повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното