Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе

Утринава најстудено е на Попова Шапка и во Лазарополе каде се измерени -2 степени.

По нив следуваат и Берово, Маврови Анови, Крушево со 0 степени. 2 степени се измерени во Претор, 3 во Крива Паланка, 4 степени во Охрид, Прилеп, 5 во Тетово, Битола, Струмица, Виница, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Дојран, 7 степени во Демир Капија, и најтопло односно 9 степени во Гевгелија.

Најмногу дожд имало на Попова Шапка и Крушево каде биле наврнати 8 л/м2. 7 л/м2 во Прилеп, Тополчани, 6 л/м2 во Претор, Битола, Ѓуриште, Гевгелија, Охрид, 4 л/м2 во Пожаране, Демир Капија, Маврови Анови, 3 л/м2 во Лазарополе, Дојран, 2 л/м2 во Тетово, Крива Паланка, 1 л/м2 во Виница, Берово, Штип, Струмица.

Облачно со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното