Утрово најстудено е на Попова Шапка каде измерени се -3 степени.
Следуваат 0 степени во Лазарополе, Маврови Анови, Kрушево, 2 во Радовиш – Пожар, Пожаране, 3 во Претор, Охрид, Крива Паланка, Ѓуриште, Тополчани, 4 во Тетово, Прилеп, Берово, 5 во Битола, Виница, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Кавардарци, Струмица, Штип, 7 во Велес, Демир Капија, 9 во Гевгелија.
Најмногу снег, или 39 см има на Попова Шапка.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Во западните делови ќе дува слаб ветер од променлив превец, а во источните умерен, повремено засилен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
