Наместо омекнувач, во машината додадете состојка која сами ќе ја направите

Дали знаете дека не мора да користите омекнувач при секое перење?

Постои начин да избегнете хемикалии и да ги перете алиштата на еколошки начин за да мирисаат подолго, да бидат посвежи и помеки од било кога. Овие две состојки се одлична замена за хемијата.

Оцет

Со оцет можете да ја исчистите бањата, да ги отстраните дамките од пеглата, микробрановата печка, фрижидерот, но можете да го користите и како омекнувач.

Се препорачува да користите јаболков или дестилиран алкохолен оцет.

Во преградата за омекнувач сипете не повеќе од 3 лажици оцет, со оваа доза алиштата нема да мирисаат на оцет, а алиштата ќе бидат неверојатно меки и кадифени.

Есенцијални масла

Ако користите омекнувач само за мирис, постои и природна верзија. Мирисни, нежни и опојни, есенцијалните масла се користат во козметиката, масажата, освежувањето на просториите, а нивните прекрасни мирисни ноти може да се апсорбираат и од вашите алишта.

Измешајте 2-3 лажици од етеричното масло по ваш избор со две шолји оцет.

Добро измешајте го, за да можете да го користите како класичен омекнувач и истурете го во машината за перење, но и како спреј за прскање на испраните алишта.

За свеж мирис, можете да користите есенцијално масло од еукалиптус и нане, а ако сакате вашите алишта да мирисаат како да сте ставиле парфем, ставете бадемово масло врз нив. Ако сакате вашите алишта да мирисаат чисто и нежно, користете лаванда.