Компанијата „Мател“, производител на куклите „Барби“ создаде реплика од научничката Сара Гилберт.
Се работи за научничка која ја создала вакцината против коронавирусот на Оксфорд, а таа вели дека за неа, првично, тоа било „многу чудно“, но се надева дека куклата ќе ги инспирира децата.
„Мојата желба е мојата кукла да им покаже на децата жена која направила кариера во непопуларни професии, како што е вакцинолог“, порача Гилберт.
Инаку, нејзината барбика е една од петте што им оддава почит на жените што работат во науката, технологијата, инженерството и математиката.
Гилберт беше почестена и со награда по повод роденденот на кралицата, а почна со создавањето вакцина против коронавирусот во почетокот на 2020 година, кога вирусот за првпат се појави во Кина.
Вакцината на Оксфорд – Астра-Зенека, сега е најшироко користена во светот, а дозите од неа се администрираат во повеќе од 170 земји.
