Не помисливме да направиме провокација, вели претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид

Денеска свечено е отворен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

На отворањето беше посочено дека тие немаат никакво фашистичко, нацистичко или неонацистичко движење за кое ги обвинуваат.

„Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ е отворено пред една година со сите документи, со целиот почит кон државата, институциите и законите. Ние сме почитувачи и само го избравме ликот на Цар Борис III како еден бугарски цар. Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо“, кажа претседателот на здружението Томе Блажевски.

Во исто време, пред клубот се одржуваат масовни протести на кои се пее химната, а се извикува и „Татари“.

Граѓаните порачаа дека немаат ништо против отворање на вакви клубови, но додаваат дека избраните имиња се провокативни.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното