Нема зима без добар подварот: Рецепт за старински и наједноставен начин на подготовка, каков што го подготвуваа нашите баби

Зимската трпеза и празниците тешко можат да се замислат без подварок, а секој кој што било кога бил де од домакинството за време на празниците и познатата сезона на кисела зелка – морал да биде послужен со овој специјалитет.

Рецепти за подварок има десетици, но најдобри сепак се оние наједноставните. И таков го правеа и нашите баби – само со додаток на масло или маст, бибер, луј и месо по желба, па така впрочем и тој прост и едноставен рецепт ви го носиме и ние на вас. Со него нема грешки ниту комплицирање.

Ако постите, со овој рецепт слободно можете да го исфрлите месото – подварокот секако ќе биде вкусен сам по себе, а можете да го збогатите и со компир.

Потребни состојки:
– една глава кисела зелка (од околу 2 килограми)
– една до две главици црвен кромид
– зејтин, бибер, зачини по желба
– сланина, суво месо, мисиркино месо, пилешко месо, кременадли или друго месо по желба

Подготовка:

Зелката исечкајте ја на ситни парчиња, малку покрупни за разлика од тоа кога правите салата, па потоа измијте ја малку и исцедете ја од вишокот на вода. Загрејте го зејтинот, па издинстајте го ситно исечканиот црвен кромид и сланината. Додадете од месото кое сте го одбрале, па се заедно оставете да се крчка на умерена температура околу 10 минути. Во оваа смеса додадете ја киселата зелка, па се заедно пржете уште 15тина минути. Потоа зачинете ја смесата со бибер и зачини по желба, па ставете ја во огноотпорен сад. На оваа смеса налејте и малку вода, а потоа ставете ја во рерна да се пече околу час и половина или два на 200 степени.

Подварокот најдобро оди со пире од компири или печен компир, а исто така добро се сложува и со проја.

Подготви: Наталија Јосифоска

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното