Нина Добрев покажа како изгледа нејзиниот реновиран дом во САД

Американската актерка Николина или попозната како Нина Добрев, која по потекло е од Бугарија, ги отвори вратите на нејзиниот реновиран дом во Лос Анџелес.

Добрев своето детство го минала на југот на Франција, што може да се забележи и по начинот на украсување на куќата, а била инспирирана и од шпанските стилови на внатрешен дизајн од 1920-тите, додека пак елегантните месинг-подробности и шари, како и мебелот купен на американскиот пазар, додаваат некако посебен шарм.

„Куќата е многу стара и реконструиравме некои работи, но притоа користевме само органски материјали коишто небаре отсекогаш да припаѓале тука!“, посочи таа.

Таа одлучи да го реновира својот дом во САД кога почна пандемијата на коронавирус, а маслинесто-зелените кујнски ормари и подовите со мотиви на теракота го комплетираат изгледот на кујната.

Секако и во останатите простории може да се видат плочки со мотиви на теракота, а во просторот меѓу кујната и трпезаријата има дело насликано од британскиот уметник Џо Хенри Бејкер.

Фотографија на музичарот Дејвид Боуви, која и е подарок од нејзиниот партнер Шон Вајт, ја краси трпезаријата, а токму ова место е нејзиниот омилен дел од куќата.