Во Кривичниот суд нови рочишта за предметите „Тврдина 2“ и „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.
Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.
Рочиштето за предметот „Титаник” за изборни нерегуларности треба да продолжи со читање на СМС пораките од комуникацијата на обвинетите од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинтелство.
