Обвинителството и МВР во 12 часот ќе соопштат детали од истрагата за трагедијата во Кочани

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во 12 часот ќе застанат пред медиумите. Во прес конференција ќе ги соопштат најновите информации поврзани со трагедијата во Кочани и вчерашното проширување на истрагата со нови лица, главно поранешни функционери.

„Во врска со истрагата, конкретните мерки што се предлагаат и за својството на секој осомничен во предметот за пожарот во Кочани, повеќе детали на утрешната заедничка прес-конференција на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски и Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, што ќе се одржи во зградата на Јавното обвинителство во 12:00 часот“, информираа синоќа во основното јавно обвинителство.

ОЈО Кочани потврди дека истражната постапка е проширена со нови 19 осомничени што заедно со претходно осомничените 27 (односно 26 по смртта на еден од нив) и седумтемина полициски службеници за кои се води издвоена постапка во ОЈО ГОКК, значи дека вкупниот број на опфатени со истрагата за трагедијата е 52-ца

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното