Времето денес (20.11,2021 год.): Претпладне сончево со мала, а вдолж Повардарието умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Попладне облачноста и брзината на ветерот ќе се намалат.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
T= 15 °C, P= 984 hPa, U= 48 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
НАЈАВА: Утре утрото ќе биде постудено и по одделни котлини ќе има слаба утринска магла, а во текот на денот ќе биде сончево. Од понеделник ќе преовладува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат позастапени во западните и јужните делови.