Од Скопје до Солун само со автобус: Укината железничката линија!

Македонија остана без железничка линија до Солун. Од вчера, поточно од први октомври е укинат меѓународниот патнички воз на релација Белград – Солун – Белград.

Тоа во договор го сториле Српската и Грчката железница, а Македонската железница (МЖ) немала можност да реагира бидејќи возот само транзитира низ земјава.

– Оваа линија е од огромно значење за Република Македонија. Ќе направиме се што е во наша моќ да го надминеме некако тој проблем – изјави министерот Сугарески.

До Солун од Скопје сега редовна линија има единствено автобуска линија на „Македонија сообраќај“, која ги редуцираше автобусите на еден дневно.