На 15-ти месецов Интегративците ќе се соберат во Мала Речица за да изберат ново раководство на партијата, односно нови органи (секретари на партијата, генерален секретар, потпретседатели). Ова стана јасно по денешната средба меѓу лидерот Али Ахмети и „огнената група“.
По новиот избор на раководството на партијата, ќе биде евалуирана работата на министрите на ДУИ во Владата. Дали може да се очекува промени, засега остнува нејасно.
„Карактеристика на ДУИ е дека никогаш немало напори да се изгласне различното размислување. Напротив, со почитување на тоа сме дошле до вистинските одлуки. Нема огнена група и нема да има“, рече лидерот на партијата Али Ахмети.
„Огнената група“ е задоволна од овој договор.