ОЈО на следното рочиште за „Пулс“ ќе достави листа на сведоци од кои се откажува

На следното судско рочиште, Основното јавно обвинителство ќе достави листа на сведоци од кои се откажува во понатамошната постапка. Станува збор за околу 10 до 11 сведоци, чии искази се повторуваат со веќе дадените сведочења.

Одлуката е донесена со цел да се избегне повторување на прашања и вербални докази кои веќе биле изнесени во текот на досегашната доказна постапка.

Дополнително, дел од сведоците не се наоѓаат во државата, додека други имаат здравствени проблеми, што дополнително ја отежнува нивната појава на суд.

На следната расправа одбраната ќе треба да даде согласност за откажувањето од предложените сведоци, по што судот ќе донесе одлука за понатамошниот тек на доказната постапка.