Полскиот оператор на нафтоводот Перн вчера открил истекување во една линија од нафтоводот Дружба, со кој се транспортира нафта од Русија во Европа.
Перн рече дека причината за истекувањето засега е непозната. Откриен е во дел од цевката на околу 70 километри од централниот полски град Плоцк.
„Вториот цевковод и другите елементи од инфраструктурата на Перн работат нормално“, велат од Перн.
„Во овој момент сите служби на Перн (технички, оперативни, внатрешни противпожарни бригади и заштита на животната средина) преземаат мерки предвидени за ваков тип на состојби“, пренесува Ројтерс.