Ова се сите победници на Еми наградите – „The Studio“ со историски рекорд

Хумористичната серија „The Studio“ од платформата Apple TV+ стана апсолутен победник на овогодишното доделување на наградите Еми, освојувајќи рекордни 13 статуетки и притоа урнајќи го претходниот рекорд на серијата The Bear.

Серијата ги понесе најпрестижните признанија, вклучувајќи ги наградите за најдобра хумористична серија, сценарио, режија и глума. Кога беше прогласена за најдобра во својата категорија, ко-креаторот и главна ѕвезда Сет Роген не го криеше воодушевувањето:
„Ако ја гледавте нашата серија, ако ја ценевте и ако гласавте за неа – ви благодарам од срце. Искрено, малку ми е непријатно колку многу ме прави среќен ова“, изјави тој.

Во својот говор, Роген им се заблагодари и на вистинските директори кои ја инспирирале приказната, а камерите дури го уловија и задоволниот израз на извршниот директор на Apple, Тим Кук. „Благодарете им на вашите директори!“, додаде Роген со насмевка заминувајќи од бината.

Роген: „Никогаш во животот не сум освоил ништо“

Поголемиот дел од наградите, дури девет, „The Studio“ ги доби на Creative Arts Emmy свеченоста, пред главната церемонија на 14 септември. Роген освои и награда за најдобар актер во хумористична серија, признавајќи дека победата го изненадила:
„Воопшто не можев да сфатам што се случува, па ништо немав подготвено. Никогаш во животот не сум освоил ништо. Кога бев дете, си купив половен пехар за куглање на распродажба – и тоа ми беше првата ‘победа’“, се пошегува тој.

При преземањето на наградата за извонредна режија, тој додаде: „Начинот на кој ја работиме оваа серија бара сите да се собереме со голема страст. Ова не би било можно без вас.“

Иако триумфираше во главните категории, серијата не успеа да освои баш сè – актерите Ике Баринхолц, Кетрин О’Хара и Кетрин Хан останаа без награди во категориите за споредни улоги.


Освоени награди на „The Studio“

  • Најдобра хумористична серија
  • Најдобар главен актер во хумористична серија – Сет Роген
  • Најдобра режија за хумористична серија – Сет Роген и Еван Голдберг
  • Најдобро сценарио за хумористична серија – Сет Роген, Еван Голдберг, Питер Хајк, Алекс Грегори и Фрида Перез
  • Најдобар гостин-актер во хумористична серија – Брајан Кренстон
  • Најдобар микс на звук
  • Најдобра монтажа на звук
  • Најдобра сценографија
  • Најдобра монтажа на слика (една камера)
  • Најдобар музички супервизор
  • Најдобри современи костими
  • Најдобра фотографија (получасовен формат)
  • Најдобар кастинг за хумористична серија

Други добитници на Еми 2025

  • Најдобра драмска серијаThe Pitt
  • Најдобра лимитирана/антологиска серијаAdolescence
  • Најдобар актер во драмска серија – Ноа Вајл (The Pitt)
  • Најдобра актерка во драмска серија – Брит Лоуер (Severance)
  • Најдобра актерка во хумористична серија – Џин Смарт (Hacks)
  • Најдобар актер во лимитирана серија/филм – Стивен Греам (Adolescence)
  • Најдобра актерка во лимитирана серија/филм – Кристин Милиоти (The Penguin)
  • Најдобар анимиран програмArcane
  • Најдобар телевизиски филмRebel Ridge
  • Најдобар документарен специјалPee-wee as Himself
  • Најдобра talk емисијаThe Late Show with Stephen Colbert
  • Најдобар квизJeopardy!