Ова се три можни сценарија по изборите во САД

Изборите во САД се ВО ТЕК, а ситуацијата за демократите не изгледа ветувачка. Подолу се дадени три сценарија во кои работите би можеле да се одвиваат по изборите и објаснување што значи тоа на американско и меѓународно ниво. Колку Доналд Трамп е иднината, а не само минатото, ќе покажат часовите што претстојат.

Движењето МАГА на Трамп еволуираше од рабната фракција на Републиканската партија во доминантна сила. Клучот е што кандидатите на Трамп во голема мера ги негираат резултатите од изборите во 2020 година и тврдат дека Џо Бајден не победил праведно.

Прво сценарио (голема веројатност)

Демократите го држат Сенатот, но републиканците го држат Претставничкиот дом. Во овој случај, може да има серија истраги водени од Претставничкиот дом – од повлекувањето од Авганистан до мексиканската граница и коронавирусот.

Синот на Бајден, Хантер, би можел да се соочи со истрага за наводна даночна измама. Постои шанса републиканците да се обидат да го отповикаат претседателот Бајден. На климатскиот фронт, Претставничкиот дом под контрола на републиканците ќе ја направи зелената агенда многу покомплицирана.

Второ сценарио (умерена/висока веројатност)

Републиканците го имаат и Претставничкиот дом и Сенатот. Политиките на Бајден може да бидат блокирани и испитани на секој чекор. Клучно прашање за следење ќе биде континуираната поддршка на САД за Украина. Во однос на климатските промени, Америка може да биде исклучена од секоја прогресивна зелена агенда која масовно би влијаела на глобалните климатски цели.

Трето сценарио (мала веројатност)

Демократите го имаат и Претставничкиот дом и Сенатот. Ова сценарио може да ги оживее клучните политики за климатските промени. Исто така, правото на абортус и истополови бракови може да се кодифицира во закон. Покрај напредокот за климатските промени, ќе продолжи општата поддршка за Украина во војната со Русија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното