Веројатно сте прочитале различни студии за тоа каде се наоѓаат најмногу бактерии во нашата животна средина – тастатури, екрани на паметни телефони… А каде има најмногу бактерии во нашиот автомобил?
Микробиологот Др. Џонатан Кокс од Универзитетот Астон спроведе студија во која го мери присуството на бактерии на неколку места во пет различни автомобили. Резултатите покажале дека најголем број бактерии има во багажникот, каде биле идентификувани 1.425 од нив. Второто највалкано место е возачкото седиште со 649 бактерии. Следни се рачката на менувачот, задните седишта и таблата со инструменти.
Интересно е што на воланот се пронајдени „само“ 146 идентификувани бактерии од кои очекувавме најголема контаминација. Д-р Кокс истакна дека бактериите од багажникот се пренесуваат преку храната, а со тоа стигнуваат до нашите домови. Затоа тој препорачува темелно миење на храната што се транспортира во багажникот на автомобилот, како и редовно чистење на автомобилот, особено на багажникот.
Важно е редовно и темелно да се чисти внатрешноста на автомобилот, особено теписите, држачите за чаши, како и шевовите и пукнатините на тапацирот, кои се голема почва за нечистотија. Се препорачува и чистење на отворите за вентилација, каде бактериите наоѓаат „плодна почва“ поради оптималната температура.