Падна кран на градилиште во Битола, сите служби на терен! Има и повредени

Денеска, во 14:02 часот, во полицијата била пријавена несреќа во кругот на старата касарна во Битола, каде што кран паднал од објект кој е во фаза на градба, дознава 4news.mk.

Според првичните информации, во инцидентот има повредени лица, но моментално не се познати нивната бројка ниту сериозноста на повредите.

На терен се сите служби.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.