Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, аналитичарот Синиша Пекевски оцени дека цените на одредени производи во Македонија се неоправдано високи во споредба со европските пазари.
Тој посочи дека исти производи, како еспресо кафе од ист бренд, во Словенија се продаваат по значително пониски цени. „Не може еспресо кое во маркет во Словенија чини околу 6 евра, кај нас да достигнува 8,5 до 9 евра“, истакна Пекевски.
Според него, ваквите разлики не можат да се оправдаат ниту со големината на пазарот, ниту со економските параметри, особено ако се има предвид дека Словенија е помал пазар.
Пекевски повика институциите, особено Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат, да извршат контроли и да утврдат зошто доаѓа до, како што рече, „вештачко зголемување на цените“ во малопродажбата.
