Перински со амбиции за Град Скопје – Мицкоски: Кандидатите за градоначалници ќе бидат познати во мај!

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека имињата за кандидати за градоначалници на коалицијата „Твоја Македонија“ ќе бидат познати во втората половина на мај или првата половина на јуни. Тој истакна дека општинските комитети и коалициските партнери добиле упатство да пријават кандидати со амбиција и визија за подобрување на општините.

За поддршката на кандидатите на коалицијата „Вреди“, Мицкоски рече дека нема конечна одлука, но додаде дека соработката на централно ниво е природен пат за соработка и на локално ниво.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потврди дека има амбиција да биде кандидат за градоначалник на Скопје, но одлуката ќе биде донесена од партијата. Тој нагласи дека ќе се стреми Скопје да стане европска метропола и дека без оглед на тоа кој ќе биде кандидат, ќе има едногласна поддршка од партијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното