По оставката на Каменос, Ципрас ќе бара гласање за доверба на Владата

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифати оставката на министерот за одбрана Панос Каменос, тој неделава ќе бара гласање за доверба на Владата во грчкиот Парламент.

Адмиралот Евангелос Апостолакис, шеф на грчкиот генералштаб, ќе го замени Каменос на местото министер за одбрана, најави Ципрас.

Каменос поднесе оставка од единствена причина поради несогласување со Договорот од Преспа за името со кој беше ставен крај на долгогодишниот спор со Македонија.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров денеска на прес-конференцијата изјави дека во изминатиов период имал разговори со грчкиот министер Јоргос Катругалос, кој го уверил дека владата на Ципрас е силно посветена во исполнување на обврските на Договорот од Преспа.

Извор: ТВ21