Почина Панчо од ДНК, Обвинителството потврди и нареди обдукција

Почина Владимир Блажев – Панчо, членот на познатото македонско музичко дуо ДНК, кој речиси седум месеци се бореше со тешките последици од пожарот во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.

Информацијата за неговата смрт е потврдена, а од Јавното обвинителство соопштуваат дека ќе биде издадена наредба за обдукција на телото.

Според институцијата, постапката што се водеше во врска со несреќата беше времено прекината поради сериозната здравствена состојба на Блажев, кој беше единствениот преживеан член од трагедијата во која загинаа повеќе музичари и соработници на групата.

Панчо беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје веднаш по несреќата, со тешки изгореници на лицето и рацете. По стабилизирањето на состојбата, неговото лекување продолжи во приватна клиника, каде во изминатите месеци беше подложен на неколку операции.