Шестмесечно бебе со морбили почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Детето било во лоша состојба поради заразата со морбили и развиена висока температура, а имало проблеми и со срцето и белите дробови.
-Бебето прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал неможе да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет – изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Шестмесечното бебе е прва жртва од морбили во Македонија. Уште две бебиња со морбили на Клиниката за инфективни болести се во критична, но стабилна здравствена состојба.