Утрово Попова Шапка се разбуди во длабок минус д -9 степени.
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-9 Попова Шапка, -4 Крушево, Маврови Анови, -3 Крива Паланка, -2 Берово, 0 Скопје-Петровец, Прилеп, Штип, Куманово, 1 Претор, Охрид, Струмица, Виница, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Тетово, Велес, Кавадарци, 3 Демир Капија, 6 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 часа до 7 часот (во l/m2)
12 Виница, 8 Претор, 7 Струмица, 4 Крива Паланка, 3 Берово, Прилеп, Штип, Крушево, Пожар, 2 Гевгелија, Битола, Кавадарци, Охрид, Демир Капија, Попова Шапка, Маврови Анови, Тополчани, 1 Скопје – Петровец.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)
25 Попова Шапка.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне во јужните делови ќе биде умерено до значително облачно, а преку денот насекаде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 14 степени.