„Порше“ удрило во банкина кај Смоквица, во близина пронајдени 14 мигранти од Авганистан

На автопатот А1, во правец од Смоквица кон Демир Капија, утрово во 03.00 часот во близина на патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, полицијата  пронашла 14 мигранти од Авганистан.

Како што денеска информираа од МВР, било пронајдено „порше“ со скопски регистарски ознаки, кое удрило во банкините, а во близина биле пронајдени 14 мигранти од Авганистан, без документи за идентификација.

Во соопштението се посочува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното