Последното студено утро – аларм за земјоделството и системот за заштита

Македонија го преживеа веројатно последното студено утро од невообичаено суровиот априлски мразен бран, предупредува метеорологот Глигор Тодоров. Според него, утринските температури кои на места паднаа и до -7°C направиле огромни штети врз земјоделските култури – од овоштарниците до раноградинарските насади.

„Јаболка, кајсии, праски, грозје, цреши, вишни – сè е погодено. Производителите бараат финансиско обештетување и со право, но прашањето е: дали тоа е доволно?“, прашува Тодоров.

Тој истакнува дека иако земјоделците оправдано апелираат за финансиска поддршка од државата, ниту еден не побарал системска поддршка за технологии за заштита од мраз – системи за загревање, прскалки, вентилатори или антифрост мрежи кои се користат во развиени земјоделски региони.

⚠️ „Зошто никој не бара системска заштита? Дали сме научени да реагираме само кога е веќе предоцна?“ – прашува тој.

Тодоров предупредува дека штетите од мразот не се само сезонски, туку ќе имаат долгорочни последици, особено врз родот во следните години, како и врз економската стабилност на земјоделските семејства.

„⏳ Време е за промена. Време е за превенција – за технологии кои заштитуваат, а не само залечуваат“, завршува Тодоров, апелирајќи за државна стратегија која ќе обезбеди долгорочни решенија за климатските ризици со кои се соочува земјоделството.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното