Повредени пет лица во сообраќајка на патот Кичево-Македонски Брод

Пет лица се повредени во сообраќајката што се случила синоќа на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од М.С.(62) од кичевското село Манастирско Доленци и патничко моторно возило „Фолксваген Туарег“ со италијански национални ознаки, управувано од Ф.Џ.(26) од прилепското село Прегово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.С., а со телесни повреди се здобиле Ф.Џ. и три сопатнички од неговото возило, Ф.С.(30), А.М.(21) и Ф.Џ.(57). Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното