Пејачот Дино Мерлин неодамна најави концерт во Црна Гора, поточно во Тиват, но ентузијазмот кај голем дел од неговите обожаватели брзо опадна.
За жал, се чини дека не секој ќе може да си дозволи влезница бидејќи најевтината чини 85 евра и тоа за висока маса.
Доколку посетителот покрај концертот сака и вечера, ќе мора да купи влезница за маса со четири места и да плати 250 евра.
Се нудат и ВИП влезници покрај кој се добива и шише пијалок, додека пак најскапата карта (која вклучува повеќе лица во пакетот) е за ВИП софа и чини дури 2.500 евра. Покрај неа посетителот добива и шампањ La Grande Dame.
„Нашата приказна продолжува… Една ноќ во Порто Монтенегро посебно е смислено шоу“, напиша пејачот додека го најавуваше концертот.
Сепак, не е сè толку црно, бидејќи секој билет може да важи за четири лица, а најскапиот за дури пет.