Во повеќе делови од Скопје утрово жителите се без парно греење поради зголемените загуби на вода во топлификациската мрежа.
Според соопштението на ЕСМ Снабдување, настанала намалена испорака на топлинска енергија, што предизвикало прекин во снабдувањето со парно во делови од населбите Ново Лисиче, Аеродром и други скопски региони.
Од компанијата информираат дека екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот.
Нивната цел е да го воспостават стабилниот хидрауличен режим во системот и да го нормализираат снабдувањето со топлинска енергија.
Очекувањата се дека прекинот ќе биде решен во најскоро време, а снабдувањето со парно ќе биде обновено.