Претседателот на Собранието на Хрватска со државен авион го однел синот на Европското првенство

Комисијата за одлучување за судир на интереси на Република Хрватска потврди дека е отворен случај против претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, бидејќи го однел својот син на натпреварот меѓу Хрватска и Шпанија во Берлин за Европското првенство.

„Од медиумите дознавме за заминувањето на претседателот на Собранието и неговиот син со државен авион на фудбалското првенство, а добивме и неколку барања од новинари и после тоа решивме да го отвориме случајот“, рече портпаролката на Комисијата, Миа Јуриниќ.

На прашањето што е со останатите политичари кои го користеле државниот авион за да одат на мечот, од Кабинетот за Н1 велат дека случајот секогаш може да се прошири доколку се утврдат дополнителни околности во текот на постапката.

Од друга страна, од кабинетот на Јандроковиќ најавија дека тој во вторник во парламентот ќе се изјасни за медиумите за случајот што Комисијата го отвори против него.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното