Потребни состојки:
- 1 килограм компири
- 1 млад кромид
- 1 морков
- 1 домат
- масло
- сол
- бибер
- мелена пиперка
Начин на подготовка:
Излупете го компирот и исечете го надолжно. Ситно исечкајте ги кромидот и морковот, а доматот исечете го на коцки. Ставете масло во тенџере и кога ќе се загрее, додајте кромид и морков за да се пропржат. Потоа, додајте го компирот и ставете вода. Поклопете го и оставете го да се динста.
Во друг сад, загрејте масло, па додајте мелена пиперка. Добро промешајте, додека не се раствори пиперката, па потоа ставете ја во компирот. По желба, ако мислите дека нема доволно мелена пиперка, може да додадете уште или да додадете доматно пире.89
Пред да биде компирот целосно готов, додајте зачини и домат. Ако има премногу вода, оставете го да се крчка без капак.
Кога ќе биде сè готово, ставете го прилогот во тепсија и печете го на 180 степени.