Принцезата Дијана: Најфотографираната жена на светот денеска ќе наполнеше 63 години

Кралицата на срцата, како што ја нарекуваа, денеска ќе го прославеше својот 63 роденден, да не загинеше во сообраќајна несреќа во Париз.

Дијана беше член на британското кралско семејство, прва сопруга на сегашниот крал Чарлс и мајка на принцовите Вилијам и Хари. Родена е на 1 јули 1961 година во Сандрингем, село северно од Норфолк. Таа беше четврто дете на Џон Спенсер и Френсис Спенсер, пишува Индекс.

Како го запознала принцот

Дијана првпат го запознала Чарлс, принцот од Велс, кога имала 16 години, односно во ноември 1977 година. Врската меѓу Дајана и Чарлс стана посериозна кога тој ја покани на патување со јахта во градот Каус.

Потоа, тој ја покани да се сретне со кралското семејство во замокот Балморал во Шкотска. Откако тој ја запросил во 1981 година, Дијана се согласила, но веридбата ја криеле од јавноста во следните две недели.

Кога во 1981 година се свршила со Чарлс, кој тогаш бил принц, работела како асистент на воспитувачка во градинка. Истата година се омажи за Чарлс и стана најпопуларниот член на британското кралско семејство. Нивната венчавка се одржа во катедралата Св. Павла, а повеќе од 750 милиони луѓе ја следеа церемонијата на малите екрани.

Како принцеза од Велс, Дијана презеде одредени кралски должности во име на кралицата и ја претставуваше на функции низ Комонвелтот. Таа стана позната во медиумите по нејзиниот неконвенционален пристап кон хуманитарната работа. Во осумдесеттите и деведесеттите, Дијана, принцезата од Велс, беше најпопуларната и најфотографираната жена во светот.

По разводот таа стана уште попопуларна

За време на бракот со Чарлс, Дијана родила два сина, Вилијам и Хари. Принцот и принцезата се разделија на почетокот на 90-тите, а по бројните афери и медиумски скандали во 1996 година, тие и официјално се разведоа. Но, тоа не влијаеше на популарноста на Дијана. Од моментот кога се раздели од принцот до нејзината смрт, нејзината популарност само растеше.

На 31 август 1997 година во тунелот Пон де л’Алма во Париз се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби саканата британска принцеза. Принцезата од Велс седела на задното седиште во луксузниот мерцедес, кој удрил во потпорен столб од тунелот, а во несреќата загинал и нејзиниот љубовник Доди Ал-Фајед.

Дури и 27 години по нејзината смрт, Дијана е неверојатно популарна. Речиси не поминува ден без напис за неа да се појави во британските медиуми, а нејзиниот имиџ продолжува да се појавува на сувенири и постери за време на кралските настани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното