Природна маска за лице која целосно ја обновува кожата, а резултатите се видливи веднаш по првата употреба.
Оваа маска за лице целосно ја хидрира кожата, ги отстранува трагите на замор и кожата станува еластична, затегната и мазна.
Подготовката на маска за лице е многу едноставна, лесна и брза, а потребни ви се само три состојки:
- 1 лажичка густин
- 1 лажичка свеж сок од морков
- 1 лажичка кисела павлака
Подготовка:
Во пола чаша ладна вода ставете го густинот и мешајте додека не се раствори целосно. Изматената смеса истурете ја во тенџере и додајте 100 мл. врела вода.
Ставете го тенџерето на шпорет и варете на тивок оган додека смесата не се згусне. Потоа, почекајте малку да се излади и додајте го свежиот сок од морков и павлаката.
Добро измешајте, а потоа ставете ја на чисто лице да стои 25-30 минути.
Маската потоа исчистете ја со топла вода и ставете крема.
Останатата количина од маската префрлете ја во мала тегличка и ставете ја во фрижидер. За подобар резултат маската ставајте ја три дена по ред.