Приведени две лица од Дебар – ги затекнале при питачење со дете!

На 13.10.2025.во 17:20 часот на улица „Јусуф Грвала“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ги лишија од слобода В.Б.(21) и Б.Б.(19), двајцата од Дебар. Тие се сомничат сториле кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ по член 201 од Кривичниот законик.

При извршена контрола, полициските службеници ја затекнале В.Б. како со нејзината малолетна ќерка питачи, а во нивна близина бил Б.Б..

Известен е јавен обвинител и на местото се, повикани таткото на малолетничката и претставници од Центарот за социјални работи од Дебар.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.