Продажбата на билети во еден правец од Русија е зголемена за 27 отсто

До Тбилиси, Тел Авив, Истанбул, Алмати и Дубай е имало трицифрено увеличение
Бројот на билети во еден правец издадени од Русија се зголеми за 27 отсто, откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација, според шпанската компанија Forwardkeys, која ги анализира податоците за резервации на билети, објави Ројтерс. Во неделата на мобилизација зголемувањето е дури 73 проценти.

Некои дестинации како Тбилиси, Тел Авив, Истанбул, Алмати и Дубаи во неделата помеѓу 21 септември – кога Путин ја најави мобилизацијата – и 27 септември дури забележаа трицифрен пораст на билетите во еден правец резервирани од Русија.

60 отсто од билетите купени во неделата на огласот за мобилизација имаат датум на поаѓање до 15 дена потоа.

Мобилизацијата на резервистите предизвика илјадници мажи на борбена возраст да избегаат од Русија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното